Бред Пит не даде одговор на барањето за развод со сопругата

од Vladimir Zorba

Бред Пит се надева прашањето со старателството да се реши без жестоки битки во судот.

bred

Бред Пит го испуштил намерно крајниот рок во кој треба да даде одговор на барањето за развод со Анџелина Џоли. Целта е да избегне жестоките битки во судот, кои би им наштетиле на децата, објавија  кулоарските сајтови TMZ и “Ју Ес викли”. 52-годишниот актер нема и намера да даде официјален правен одговор, додека адвокатите на двојката не склучат вонсудско решение за старателството на нивните деца. Според TMZ, Пит се надева дека ќе добие правно и физичко старателство, но и да ја избегне битката во судот. ТMZ пишува дека има уште една причина Бред Пит да лебди на оваа тема. Сеуште тече истрагата на конфронтацијата на авионот меѓу Бред и 15-годишниот Медокс, кој стана и главен повод за разводот на Брандџелина. Според информациите што беа јавно објавени, актерот го удрил својот син во излив на лутина. Соработници на одделот за заштита на децата, меѓутоа не пронајдоа на телото на Медокс траги од удари. Сепак Медокс се уште одбива да се види со својот татко и ја  одржува теоријата на мајка си дека бил удрен. На 19 септември оваа година Анџелина поднесе документи за развод, во кои посочи непремостливи разлики и побара целосна старателство над 6-те деца.

Слични содржини