Брегзит предизвика напади врз странци и не смее да се повтори на друго место

од Vladimir Zorba

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка изјави дека британската одлука за напуштање на Европската унија (ЕУ) е причината за нападите на странците во Велика Британија, јави дописникот на МИА од Прага.

timthumb-7

Според него, слична грешка не смее да се случи во ниедна друга земја членка, за да не се дојде во ситуација Европа да ја ,,скрши” национализмот и омразата.

Соботка, исто така, предупреди дека преговорите за идниот однос на Британија и останатите земји на ЕУ ќе бидат тешки.

При преговорите меѓу ЕУ и Лондон, кои треба да почнат идната година, чешкиот премиер очекува ,,тврда средба” на која британската страна нема да биде подготвена за отстапки, но се надева дека нема да се дозволи претерано одалечување на Британија.

Тој ги отфрли обвинувањата на некои западни политичари дека Вишеградската четворка (В4) каде покрај Чешка членуваат и Словачка, Унгарија и Полска се поставуваат против Унијата за нејзино разбивање./а1он

Слични содржини