Грчката влада сепак ќе отстапи од тврдата позиција и утре ќе поднесе барање до доверителите за продолжување на кредитните програми. Според извори од кабинетот во Атина станува збор за продолжување со 6 месеци, а борбата е во замена Грција да не биде присилена да продолжи со реформи.

54d9f49935701001a1a6fafb

Министерот за финансии, Јанис Варуфакис завчера се сретна со еврокомесарот за економски и монетарни прашања, Пјер Москович, со кого разговарал за прашањето за преговорите меѓу Грција и нејзините партнери. Се очекува грчкото барање да се базира на предлозите, предвидени во планот на Московичи. Според печатот тие биле адресирани до шефот на Еврогрупата Јерун Дејселблум, кој ќе треба да одлучи дали да ја свика Еврогрупата во петок.

Вчера Грците добија ултиматум од министрите за финансии од еврозоната да побараат помош најдицна до петок. Сегашната програма за поддршка на Грција истекува на 28 февруари и без нова поддршка земјата ќе биде принудена да прогласи банкрот.

Атина инсистира кај новата програма да се зборува за “кредитен договор”, а не за антикризна програма во замена и обврски за конкретни реформи. Партнерите во еврозоната сепак држат да не се укинуваат клучните реформи.

Во говорот пред парламентот во вторникот вечерта грчкиот премиер Алексис Ципрас, рече дека нема да подлегне на “психолошка изнуда” и дека неговата Влада не отстапува од предизборните ветувања и веднаш ќе пристапи кон запирање на елементи од програмата.

Слични содржини