CNN сензационално: Исламска држава планирала уште терористички напади во Европа по оние во Париз

од Vladimir Zorba

1473099601-1

Пронајдени документи кои фрлат светлина врз активностите на групата

Терористичката мрежа на “Исламска држава” (ИД) планирала по нападите во Париз во ноември минатата година да изврши и други во уште неколку европски држави, соопшти ТВ канал CNN.

Медиумот тврди дека добил илјадници страници документи и фотографии, собрани од иследниците во Европа, кои сведочат дека ИД има планови за напади во светот.

Документите даваат нови податоци за двајца уапсени осомничени кои според истражителите планирале да извршат напади во Франција.

Во нив се споменува постоењето на друг наводен терорист (чие име не било обелоденето), кој според властите е поврзан со париската терористичка ќелија и се движил на слобода низ Европа месеци по нападите во француската престолнина. Мажот на име Абидал Табауни бил уапсен во јули годинава

Документите фрлаат светлина и врз фактот колку добро било организирано крилото на ИД за напади во Европа дури и во моментот. Извори изјавија за CNN дека борците на ИД очекуваат заповеди од своите господари во Сирија.

Според телевизијата документите со волумен околу 90 илјади страници, повеќето на француски јазик, содржат протоколи од испрашувањата, истражни заклучоци и податоци од мобилни телефони за активностите на единицата за надворешни операции на ИД, познато под името “Амн ал Харџи”. Документацијата дава идеја за:

– Портретот на терористот, кој за комуникација користи криптирани медиумски платформи;

– Начините на кои ИД ги чува своите мисии – им дава на изведувачите информации и пари само до следната фаза, контактира со нив во секоја фаза од патувањето и воведува псевдоними, кои се користат дури внатре во групата;

– Начините на кои терористите, разменуваат логистички совети со другите членови на мрежата, вклучително и тоа дали да ја преминат границата под свое или туѓо име, а исто како да минуваат границите нелегално (една од препораките е да се кријат во тоалетите на возовите).

Службите за безбедност во Европа постигнаа значајни успеси. Еден од нив по апсењето на двајца мажи, се смета дека планирале да им се придружат во Франција на двајцата бомбаши-самоубијци, кои се саморзанесоа крај стадион во Париз.

Во истражните документи двајцата борци на ИД се именувани како Адел Хаддади, Алжирец, и Мухамед Усман, Пакистанец, истакна CNN.

Слични содржини