Дакота Џонсон: Долго време мислев дека нешто не е во ред со мене

од Vladimir Zorba

Актерката е горда со улогата во еротскиот хит “50 нијанси потемна”.

Дакота Џонсон се колне дека ниту го мрази колегата Џејми Дорн, ниту дека имала афера со него, како што се тврди во најраспространетите гласини во жолтите медиуми.
Актерката позираше за втора корица на списание Vogue, промовирајќи го својот нов филм “50 нијанси темно”, до чија премиера остана уште помалку од еден месец.
Дакота е снимена од Патрик Демаршелие, како носи фустан на Proenza Schouler за корицата на Модната библија и како дебитира нова – со пократка и потемна фризура. За внатрешни кадри ќерката на холивудските ветерани Мелани Грифит и Дон Џонсон носи облека на Louis Vuitton, Balenciaga, Alexander McQueen и др.
Во интервјуто таа вели дека е исклучително горда над улогата на Анастејша Стил во еротската Трилогија на Ел Џејмс.

“Мојата хероина е пред се интелигентна, хиперсексуална и сака силно. Во неа има толку многу различни аспекти, а јас дури и се обидов да ги проширам. Навистина сум горда од филмот. Тој е различен, а и јас самата сум различна “, вели бринета.
За голотијата на големиот екран мис Џонсон вели: “голотијата е навистина интересно нешто за еден актер. Сакам да бидам искрена пред камерата. Во овој поглед ми се допаѓа повеќе европскиот филм. Не сакам да гледам ликовите да носат градник и долна облека за време на секс сцена. Да бидеме искрени – луѓето се голи, кога имаат секс. ”
Таа ги негираше и гласините дека не може да му одолее на Џејми надвор од екранот.
“Според едни ние со него се мразиме, според други имаме врска – секој нека си мисли што сака”, категорична е Дакота.
За тоа дека е одела на психолог како дете, таа вели: “Не знаев како да се однесувам како дете. Не сакав да одам на училиште. Бев убедена дека нема смисла. Бев вистинска катастрофа за родителите. Долго време мислев дека нешто не е во ред со мојот мозок. Сега си давам сметка дека тој само работи на други фреквенции. ”
Видете ги сликите на Дакота за Vogue во галеријата:

 

Слични содржини