Давидовиќ: Секој судија да има лична одговорност

од Vladimir Zorba

Секој судија за своето работење мора да има и лична одговорност, вели адвокатот Звонко Давидовиќ, коментирајќи ги одлуките на судовите по барањата на СЈО за притвор и жалбите на обвинетите да им се вратат пасошите, информира АлсатМ.

Давидовиќ смета дека само со коренити реформи во судскиот ситем, ќе може да се отстрани чувството дека важат двојни аршини кога редовното и специјалното обвинителство бараат притвор.

„Дали судството е разбудено и почнало да работи и да размислува ќе видиме во првите предмити кои Основното јавно обвинителство ќе ги поднесе со предлог за мерка притвор, па да видиме дали вака ќе се однесува и ќе цени судот. Тоа е многу важно, ќе ни покаже дали се уште е „сваровски“ на дело или навистина судството почнало да размислува“, вели адвокатот Давидовиќ.

Обвинетите од СЈО во предметите „Таргет“ и „Тврдина“, Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски, сите вработени во МВР, со денови чекаа решението за притвор да го добијат на домашна адреса. Вчера поднеле жалби до Врховскиот суд, а од таму имаат рок од 48 часа за да се произнесат. Ваквиот начин на достава за Давидовиќ е одолговлекување на процесот, но и опструкција, затоа што според досегашната пракса, правото на жалба не го одложува притворот.

 

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини