655-402-limonada

Дејл Карнеги е американски писател, публицист и предавач. Специјалист по методи за личен развој, јавно говорење и меѓучовечки односи.

Авторот на познатата фраза “Ако твојот живот ти даде лимон, направи си лимонада”, е роден во сиромашно земјоделско семејство во Мисури во 1888 година.

317-419-karnegi

 

Патот на Карнеги кон академското знаење започнува во Педагошкиот институт во Ворнсберг. Неговиот татко немал можност да плаќа за пансион, затоа Дејл патувал 6 км. со коњ до институцијата и обратно.

Во својата младост Карнеги развива комплекс на помала вредност, бидејќи не бил примен до фудбалски тим во колеџ. Тренерот рекол дека бил премногу слаб.

Неговата мајка го посоветувала да стане член во дискусискиот кружок. Дејл бил примен и тоа се покажало како пресвртница во неговиот живот. По речиси една година активно учество во дебатите, тој почнал да заработува награди од натпревари по ораторско мајсторство.

Откако завршил колеџ, Карнеги започнал работа како трговец и брзо напреднал. Иако неговата репутација растела тој ја прекинал својата кариера во трговијата. Дејл сакал да предава на други луѓе како силата на зборовите може да се рефлектира во секој поглед. За кратко време неговите курсеви се претвораат во едни од најпосетените настани за личен развој во САД.
Дајл Карнеги секогаш тврдел дека најдобриот лек е човек да биде секогаш зафатен. Според него слободно време е причина за депресија, бидејќи тогаш имаме премногу време да размислуваме дали сме среќни или не.
Ви нудиме едни од најпознатите цитати на Дејл Карнеги:

1. Не критикувајте. Не осудувајте. Не се жалите.

2. Ако се стремите да станете добар соговорник, станете првенствено добар слушател.

3. Критиката е како поштенски гулаб – секогаш се враќа назад.

4. За мудриот човек секој ден започнува како нов.

5. Среќата не зависи од тоа кој сте и што имате, тоа зависи од вашето размислување.

6. Човек кој зборува само за себе, мисли само за себе.

7. Стравот не постои никаде во поголеми количини отколку во нашиот ум.

8. Постапувајте како генерал Ајзенхауер – никогаш не одделувајте и минута во мисли за некој кој ви е непријатен.

9. Ако судбина ви дднесе лимон, направете си лимонада.

10. Бидете зафатени. Тоа е најевтиниот лек на земјата – и еден од најефикасните.

Слични содржини