Дејвид Линч повторно брилира

од Vladimir Zorba

 

Кога некој ќе го спомене името на култниот режисер Дејвид Линч веднаш помислуваме на силните ликови, а потоа на хипнотичната , мистериозна и поетична филмска атмосфера.

Меѓу првите асоцијации сигурно ќе се најде филмот Blue Velvet, а љубителите на сериите носталгично ќе се присеќаат на деведесеттите години на минатиот век и страстно ќе зборуваат за Твин Пикс , измисленото гратче во североисточниот дел на американската држава Вашингтон во кое дејствието го следи шармантниот ФБИ агент Купер и напнатата истрага на смртта на популарната средношколка Лора Палмер.

Токму за љубителите на обаа култна серија имаме добри вести- HBO со гордост ја најави ексклузивната премиера на новиот Твин Пикс , а првите две епизоди ќе бидат прикажани на 22 мај 2017 година на HBO каналот во рамките на м тел Open IPTV програмата.

Новите 18 епизоди во траење од по 60 минути ги напишале и продуцирале Дејвид Линч , Марк Фрост , како и извршната продуцентка Сабрина Садерленд, додека режијата во потполност ја потпишува Дејвид Линч.

Во долгоочекуваната серија гледачите на ХБО ќе ги гледаат бројните имиња од оригиналната актерска поставка, вклучувајќи го и Кајл Меклејн како специјалниот агент на ФБИ Дејл Купер, а ќе се придружат и некои нови членови.

С.В.

 

Слични содржини