Демант на Основен суд Скопје 1 – Скопје

од desk2

„Постапувајќи по жалба на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) во однос на решение на судија на претходна постапка за утврдување на законитоста на извршен претрес на обвинителите од ова обвинитеслтво кај осомничено лице, Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое ја уважои жалбата на СЈО и предметот го врати на повторно одлучување кај судија на претходна постапка.

Ги демантираме наводите објавени на одредени медиуми, повекувајќи се на информации од СЈО, дека со оваа одлука на советот, не постои пречка прибавените докази од претресот да се користа во постапка, со оглед да Кривичниот совет има донесено решение за враќање на предметот кај судија на претходна постапка на повторно одлучување.

Во однос на соопштението на СЈО дека поднеле претставки против судии од Основниот суд Скопје 1 – Скопје пред Советот за утврдување факти, јавноста имаше можност да се запознае со односот и стручноста на Обвинителите од ова Јавно обвинителство кон судот кое го покажаа на последната главна расправа во предметот поврзан со настаните од пред Општина Центар, а овие преставки пред Советот се уште еден од низата притисоци и закани врз судиите да одучуваат како што очекуваат и посакуваат од СЈО во постапките кои ги водат пред судот“ стои во демантот од Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Слични содржини