Дер Шпигел: Могерини повика на итен самит на ЕУ за тензиите на САД и Северна Кореја

од Vladimir Zorba

Високиот претставник на Европската унија за прашањата за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини свика итна средба на амбасадорите на земјите од Европската унија по повод тензиите меѓу САД и Северна Кореја, за што светот беше сведок во последните неколку дена, соопшти германското издание Der Spiegel.

Во рамките на преговорите, кои треба да се одржат во понеделник, 14 август, ќе треба да бидат разгледани “следните можни чекори” на ЕУ во кризата, истакна портпаролот на Брисел во доцните часови во петок.

Слични содржини