Џафери најавува координација за понеделник за локалните избори или за мандатот на Иванов?

од Vladimir Zorba

Парламентарното мнозинство го чека мандатот  за нова влада од вмровскиот претседател Ѓорѓе Иванов. Што значи дека  до колку има потег од власта на заминување и Иванов,  ќе има и брзо решение од парламентарното мнозинство.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери за понеделник закажа координација меѓу претставниците на сите парламентарни партии.

Не се исклучува можноста по координацијата, Џафери да свика посебна собраниска седница, на која ќе бидат усвоени потребните законски измени за продолжување на рокот на надлежностите на градоначалниците. На средба со новинарите, Џафери упати повик до политичките партии итно да разговараат за оваа проблематика или во спротивно целиот локален систем ќе биде блокиран. Според него, судбината на локалните избори зависи од консензусот на пратениците, а доколку има волја, потребните комисии можат да се формираат за еден ден и локалните избори да са одржат многу бргу. Од ВМРО – ДПМНЕ пак понудија конкретни датуми за локалните избори, и тоа во јули, септември или во октомври.

На изјава на Милошовски реагираше СДСМ, од каде повикаа партијата на Никола Груевски да прекине со манипулациите со датумите.

Првин Влада па локални избори децидни се од СДСМ.

„Апелираме до ВМРО – ДПМНЕ да прекине со политиката, да прекине со манипулирањето со датумите за локалните избори, како да е во емисија на лотарија, додека ги остави граѓаните без градоначалници!“ – соопштија од СДСМ.

Милошоски да не лицитира како да е на лото, веднаш да се одблокираат процесите за избор на новата Влада и локалните избори!

Да беше досега избрана новата Влада, немаше да има потреба од денешниот прес на Антонио Милошоски. Да мислеа Груевски, Милошоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните, немаше самите на себе да си реплицираат во Парламентот и да кочат легитимно формираното парламентарно мнозинство да ја формира новата Влада, а знаеја што ги чека граѓаните од 15 мај кога завршува мандатот на градоначалниците и советите. Да беше избрана новата Влада, досега ќе беа распишани и локаланите избори, велат од СДСМ.

Африм Гаши од Движењето БЕСА и Сурија Рашиди од Алијансата за Албанците, за Алсат М изјавија дека нивните пратеници не се информирани со барањето на Министерството за локална самоуправа. Но, тие изразија готовност да расправаат за решение. Претседателот на Заедницата на единиците за локала самоуправа, Коце Трајановски го повика парламентарното мнозинство до понеделник да се собере на собраниска седница и да изнајде решение за општините, бидејќи граѓаните може да се соочат со многуте последици од овој застој.

Сепак самата понуда од ВМРО ДПМНЕ избороите да се одржат и во октомври го демантраат Коце Трајановски дека се точни неговите искази, а упатените  тоа го дефинираат како блеф и лага, и дека има решенија и ако не се одржат изборите,  да нема целосна блокада на општините

Четиригодишниот мандат на градоначалниците на општините и на општинските совети истекува во понеделник.

Уставниот суд во среда се произнесе за ненадлежен за поништување на членот кој го одредува четиригодишниот рок на локалната власт.

Парламентарното мнозинство го чека мандатот  за нова влада од вмровскиот претседател Ѓорѓе Иванов. Што значи дека  до колку има потег од власта на заминување и Иванов,  ќе има и брзо решение, од парламентарното мнозинство.

Слични содржини