Џек Ма: По 30 години, луѓето ќе работат 4 дена неделно

од desk3
Шефот на кинескиот интернет гигант Alibaba Group, Џек Ма прогнозира дека по 30 години луѓето ќе работат 4 дена неделно, наместо сегашните пет.

„Мојот дедо работел по 16 часа дневно на полето и се сметал за многу зафатен. Денес ние работиме по осум часа, пет дена во неделата и сметаме дека сме многу зафатени“, вели милијардерот во интервју за телевизискиот канал CNBC.

Џек Ма гледа иднина во која луѓето ќе имаат повеќе време за патувања.

„Обично луѓето посетуваат по 30 места во својот живот. Но, по 30 години најверојатно ќе можат да посетуваат 300 места“, вели тој.

Основачот и актуелен менаџер на Alibaba Group е најбогатиот азиец и е на 14-то место во светот. Состојбата на 52-годишниот Џек Ма се проценува на 41,8 милијарди долари.

Слични содржини