ДИК ги отфрли сите приговори

од desk4

Ниту еден од вкупно 46 приговори кои првично беа поднесени до Државната изборна комисија за првиот круг од локалните избори не беше прифатен. Најголемата опозициската партија ВМРО ДПМНЕ која на почетокот стартуваше со 43 нивни приговори најпрвин повлече 3, а до крајот на седницата која траеше до раните утрински часови повлече уште 5.  Останатите 35 ДИК го одби. Како неуредни беа отфрлени и трите приговори на Алијансата на Албанците , Левица и ТМРО.

Со реакција на ова се јавија и дел од подносителите на приговорите. Од ВМРО ДПМНЕ и од Левица велат дека подготвуваат и тужби против ДИК, а ТМРО покрај изготвувањето на тужбата велат дека испратиле и официјално известување до Амбасадите на САД , Руската федерација, ЕУ  и ОБСЕ во Р.Македонија.

Иако и ОБСЕ и ОДИХР оценија дека првиот круг од локалните изборите поминал фер и демократски сепак опозициската ВМРО ДПМНЕ не го дели тоа мислење. Денеска повторно препукувања на релација власт опозиција. ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека власта спровела криминални избори и ги лаже граѓаните, додека од владејачката СДСМ пак вратија ВМРО ДПМНЕ да го признае поразот од изборите.

Слични содржини