Се постигна договор за изборниот законик. Имавме тешки, незгодни и непријатни моменти, вложивме многу труд и време, но договор има, изјави Илија Димовски, пред Клубот на пратениците, откако СДСМ ја напушти средбата на работните групи. Тој рече дека повлекувањето на опозицијата го разбираат како тактика која цело време се повторува.

ilija-dimovski

– Секогаш кога ќе постигнеме договор или кога ќе застанеме чекор поблиску до предвремените избори СДСМ се повлекува. Тоа е нивна татктика, која постојано се повторува. Ние стоиме зад Договорите од Пржино, дадовме поддршка за специјалниот јавен обвинител, за законот и за изборот на Јанева. А за одлуката на Советот на Јавни обвинители тоа е нешто во што ние не би можеле да се мешаме, ниту да го коментираме – рече Димовски.

Тој кажа дека е договорено дијаспората да гласа со пропорционален модел, во  една изборна единица и три пратеника, со ист број на гласови како што се избираат пратеници во Македонија. Изборниот модел останува ист со шест изборни единици и 20 пратеника, додека финасиите се ограничени на 110 денари. За одлучувањето во ДИК рече дека ќе се гласа со консензус, а ако не успее да постигне надлежен ќе биде Управниот суд.

 

МЕТА

Слични содржини