Без воен поход против “Исламска држава” нема да се добие ништо. Но само воената операција не стигнува-пишува Дојче Веле.

ид1-690x400

Со терористичките напади во Париз “Исламска држава” (ИД) постигна две цели: ги засили стравувањата во Франција и светот и брзо произведе апели за цврсти мерки, вклучувајќи со воени средства. Освен тоа како одмазднички удар француските борбени авиони исто така се вклучија во поразување на цели во “главниот град” на ИД – град Ракка.

Цената на нападите во Париз – 7 000 евра!

Токму тоа сепак го сакаше “Исламска држава”. Терористите сакаа да предизвикаат реакција на Западот и да го вклучат во војна. Така тие можат да тврдат дека Западот војува против исламот. А тој (Западот) е изведен пред сериозна дилема: од една страна не смее да дозволува на ИД да ги диктира неговите активности, а од друга не може да ја игнорира објавената војна од џихадистите. Одговорот на теророт треба да биде стратегија, која ветува дека ќе постигне повеќе од досегашните резултати во борбата против тероризмот. Бидејќи откако таа беше прогласена – по нападите од 11 септември – бројот на насилни џихадисти, кои се приклучија кон терористичките групи, се зголеми опасно.
Голема стратегија
За да може стратегијата за борба против ИД да постигне успех и долгорочно да ги отстрани опасностите, таа треба да вклучува различни мерки: да обезбеди победа над ИД со воени средства, да ги реформира нефункционалните арапски држави, да ја разоружа идеологијата на џихадот и да направи, така што загрозените муслимански младинци конечно да го најдат своето место во нивното општество.

Без воена интервенција тоа нема да се случи, бидејќи ИД владее големи територии и се нарекува себеси “држава”, иако го отфрла меѓународното право. Уништувањето на овој калифат ќе ја ослабне неговата привлечност која расте истовремено со териториите кои џихадистите ги освоија. Така ИД нема да може да нуди простор на странските борци кои веќе го увезуваат теророт и во своите земји.

ид2-400x260

Без воен поход против ИД нема да се помине, уште повеќе што тоа може да се постигне со конвенционални воени средства – воздушни напади и копнена операција. Освен тоа треба да биде проширена антитерористичката коалиција, која досега не постигна особен успех во војната против ИД. Храбрите борци Пешмерга нема да се доволни за успехот на операцијата по копно, а западните воздушни напади против џихадистите нема да го победи терористите. Освен тоа, ниту една западна држава не е подготвена на таков потег – да испрати свои војници да се борат по копно со џихадисти.

Повеќето воени интервенции на Западот на Блискиот Исток дотука се завршија. Единствен исклучок е Кувајт во 1991 година, кога во западната коалиција се вклучија и повеќето арапски држави. И сега нема да се случи без учество на арапските држави, кои исто така се толку загрозени од “Исламска држава”, колку и западните. На нив сепак, како впрочем и на Турција, им недостасува политичка волја за воена интервенција против ИД. Саудиска Арабија го смета Иран, а не ИД, за свој главен непријател. А Турција се занимава повеќе со Курдите, отколку со терористите од “Исламска држава”.
Таму е коренот на злото

Саудиска Арабија војува и на идеолошкиот фронт. Дури ИД да биде поразена воено, џихадистичката идеологија ќе продолжи да постои и ќе стане хранлива средина за нови генерации терористи. Исламот на ИД е незамислив без исламот во Саудиска Арабија. Сеуште саудиските проповедници повикуваат на насилство против друговерците. Уште многу Саудијци се убедени дека поседуваат монопол врз толкувањето на исламот. Војната против ИД може да биде освоена само ако саудиските теолози објават војна на џихадистичката идеологија и се разделат со барањето дека нивната интерпретација на исламот стои над сите други религии. Тогаш во општеството ќе бидат прифатени и умерените муслимани, кои се уште се криминализирани од репресивните режими.

Тунис, каде исламистите не се исклучени од политичкиот живот на земјата, и Дубаи, кој со доброто владеење создаде благосостојба, се пример за тоа дека и во арапскиот свет може да има функционални држави. Меѓународниот консензус за едно преодна влада во Дамаск и иднината на Сирија нема да има директно влијание врз борбата против ИД, но ќе го олесни создавањето на ефикасен фронт против неа.

И конечно: младите муслимански кај нас треба да почувствуваат дека се прифатени, за да не подлегнуваат на пропагандата на ИД. Ова не исклучува и ефикасно следење на ризиците , што сепак треба да се обложува не толку на електронското следење, колку на ширењето на информатори. Сите овие мерки треба да одат паралелно со воената интервенција против “Исламска држава”.

Слични содржини