ДОМ ги смета за неприфатливи и скандалозни политичките притисоци врз активистите од Хелсиншкиот комитет – Гордан Калајџиев, Уранија Пировска и Мирјана Најческа. Очигледни се намерите преку политички монтирани процеси да се заплашат граѓаните и активистите што се во одбрана на демократијата, човековите права и слободата на граѓаните на Македонија.

DOM_zname

Со нивните сослушувања и бесмислени казни директно се газат уставно гарантираните права и слободи. Конкретно, се гази членот 16 од Уставот на РМ, со кој се гарантира слободата на уверување и јавно изразување, слободата на говорот и јавниот настап. Но се гази и членот 20, кој ја гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на политичките, економските, социјалните, културните и други права и уверувања.

ДОМ бара одговорно, професионално и совесно однесување од страна на институциите, со вистинско, а не само декларативно почитување на Уставот и законите. Во спротивно, ќе сметаме дека свесно се подгрева револт поради неправдата кон соборците од протестите и се подготвува насилничко сценарио, преку кое со внатрешна дестабилизација, би се продолжило владеењето на постојната структура.

Слични содржини