Разгледувајќи ја актуелната политичка ситуација во земјата, Централниот одбор на ДОМ ги донесе следниве заклучоци:

liljana_popovska11-300x180

1) ДОМ смета дека разврската на политичката криза треба да оди со дијалог помеѓу власта и опозицијата, преку паралелни судски и политички процеси. Да започне со оставка на јавниот обвинител, влез на опозицијата во Парламентот и избор на нов обвинител со политички консензус.

2) ДОМ ќе побара објаснување од коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ за:

– содржината на снимките што ги објавува опозицијата, на кои се зборува за кршење на принципите на правната држава, човековите права и слободи; и

– незаинтересираноста да се реализира еколошкиот програмски пакет на ДОМ, договорен пред парламентарните избори 2014.

3) ДОМ го осудува најновиот скандал на судско-обвинителниот апарат во случајот со Музејот на Македонија, за кој ќе бараме ревизија и рехабилитација на невино осудените високостручни кадри. Најавуваме предлагање серија измени во правосудното законодавство за да се обезбеди пристап до правдата, без нелогично долги притвори и процеси, драконски казни и игнорирање на доказите. Целта е да се ослободи судството од неодговорни и неуки поединци, кои работат по политички диктат.

4) ДОМ започнува широка консултација со членството преку состаноци со општинските организации, за да изгради став за натамошното дејствување.

Слични содржини