Домашен балсам за меки усни

од Vladimir Zorba

Грижата за кожата е секојдневие. Најголемиот човечки орган, бара посебно внимание. За кожата на усните, се сеќаваме почесто во зимските месеци, а таа треба пилинг и длабоко хидрирање и во остатокот од годината.598ab7d0336585fe747188b062fc1896
По карминот, балсамот за усни е другиот најчесто користен козметички производ од дамите. Денес споделуваме еден рецепт за домашен балсам за усни. Состојките во него ги покажаа своите неверојатни квалитети врз кожата.

Потребни состојки:
1 лажица пчелин восок
3 лажици кокосово масло , масло од јојоба или масло од авокадо
2 и ½ лажици масло од шеа
5 капки витамин Е
2 капки масло од рузмарин
3 капки етерично масло од нане
стаклена тегла или метална кутија со капак

Подготовка:

Во сад на водена бања одмрзнете го пчелиниот восок.  Потоа додадете го кон него кокосовото масло, маслото од шеа и добро промешајте.
Кога состојките ќе се поврзат, отстранете го садот од огнот и додајте го остатокот од состојките. Внимателно префрлете ја смесата во кутии и оставете да се излади добро.

Секогаш носете во женската торба една мала кутија од овој балсам.

Слични содржини