Доналд Трамп најави за убиство на Хилари

од desk3

Доналд Трамп повторно навести за убиство на својот конкурент Хилари Клинтон, објави ББС. На предизборен митинг во Мајами републиканскиот кандидат повика за одземање на оружјето на агентите на Тајната служба.

image_5768536_126

“Мислам дека нејзините чувари треба да се разоружаат. Земете им го оружјето и да видиме што ќе се случи со неа. Би било многу опасно “, рече милијардерот. Во минатиот месец Трамп повторно направи контроверзни коментари прифатени од многу демократи како апели Клинтон да биде убиена.

Републиканецот се закани дека ќе ги поништи чекорите за нормализирање на односите со Куба, ако Хавана не обезбеди политички и верски слободи за кубанскиот народ и не ги ослободи сите политички затвореници.

Слични содржини