ДОСИЕ: Криминалците не успеаја да ја клекнат Македонија- 21 година од атентатот врз првиот претседател Глигоров

од Vladimir Zorba

 

Ниту една власт не успеа да ги најде ниту нарачателите, ниту извршителите- Глигоров сепак го преживеа и надживеа атентатот, а  криминалците тогаш не успеаја да и се наметнат на Македонија.

atent0На денешен ден пред 21 година беше извршен неуспешен атентат врз поранешниот претседател на Македонија, Киро Глигоров.Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди на главата. Во атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден и телохранителот Илчо Теовски.

Истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена,  но ниту едан власт досега не успеа ништо да открие.

Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје.

78324_kiro-gligorov01-fonet-fonetepa_f

Првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров (1917-2012), стапи на функција на 73 години, зад себе имаше 50 години поминати во Белград на најодговорни функции во поранешната СФРЈ. Го сметаа за историја што чекори, за жив споменик на цела епоха – личност која ги поврза двата столба на македонска државност – АСНОМ 1944 и 8-ми Септември 1991 година, ќе напишат хроничарите.

Кој е Глигоров

Киро Глигоров е роден на 3 мај 1917 година во Штип. Потекнува од просечно македонско семејство. Татко му бил занаетчија, а неговата мајка домаќинка. Кога наполнил доволно години за да посетува училиште во 1924 година, директорот на тогашното српско основно училиште во Штип му го променил името и презимето како Ќирило Глигоровиќ. Со такво име тој се задржал се до 1941 година. Во 1936 година се запишал на Правниот факултет во Белград. Подоцна, се вклучил во илегалното македонско друштво „Вардар“ каде станал негов секретар. Во 1939 година бил уапсен под сомнение дека работел против тогашниот империјалистички режим, но набргу бил пуштен. Истата година, во месец јуни, Глигоров дипломирал на Правниот факултет.
Приведуван и како комунист На 6-ти април 1941 година кога Белград бил бомбардиран од страна на Нацистичка Германија, Глигоров се вратил во Скопје. Овде, се вработил во „Вардар Банка“ како правник, а потоа и сам отворил адвокатска канцеларија. На оваа позиција се задржал многу малку бидејќи бил наклеветен од страна на некој соработник дека бил опасен „србин“. Така, по втор пат тој бил приведен како комунист. По пуштањето од притвор, Глигоров активно се вклучил во антифашистичкиот илегален отпор, соработувајќи со Кузман Јосифовски Питу. Во 1943  година Глигоров се оженил со Нада, со која има две ќерки и еден син.

Кон крајот на 80-тите години од минатиот век, Гливоров се враќа во Македонија. Во тоа време веќе е започнат процесот за воведување на повеќепартиски систем во Македонија. Во периодот 1989-1990 година кога на просторите на СФРЈ се разгорува војната, Македонија влегува во партиски плурализам, а тогаш се одржуваат и првите повеќепартиски избори. Пред да биде составена експертската влада на Никола Кљусев, во Македонија за прв претседател бил избран Киро Глигоров.

На првото тајно гласење, Киро Глигоров не ги доби потребните две третини од гласовите, поради немање подршка од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ПДП. Тогаш, тој доби 60 од потребните 80 гласови за избор на претседател. Но, по само три дена, ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение дека ќе ја подржи кандидатурата на Глигоров само доколку за потпреседател и премиер на државата биде избран личност кој е член на нивната партија. Така, на 27 јануари 1991 година, на седницата на Собранието на Република Македонија, со 114 гласови “ЗА“ , Киро Глигоров беше избран за прв претседател на Република Македонија

Распаѓањето на СФРЈ

Во почетокот на 1991 година доаѓа до тотално распаѓање на СФРЈ. Со избувнувањето на немирите на Косово, а подоцна и на Плитвичките Езера во Хрватска и Вуковар. Тој е најзаслужен што Македонија е единствена држава од поранешна СФРЈ која ја испрати ЈНА со потпишан договор, без ниеден испукан куршум и жртва. На 28 март Глигоров учествувал на самитот на претседателите на југословенските републики во врска со зачувување на пријателските односи помеѓу словенскиот народ, а подоцна, на 6 јуни 1991 година била предложена Платформа помеѓу Глигоров и Изетбеговиќ. Остануваат како заковани во истоијата  зборови на Глигоров:

„Колку тенкови или камиони на ЈНА вреди еден човечки живот? Нема да дозволам заради куп железо да ни гинат луѓе.“

Веднаш по осамостојувањето и прогласувањето на независност на  Македонија, во Грција се крена тензија особено околу матичното име и знаме. Во овие преговори, активно учество заземал и Киро Глигоров. Но, преговорите престанаа, откако од Република Македонија, на чело со претседателот Глигоров, беше одбиен предлогот државата да се вика „Централна Балканска Република“. На 11 мај 1993 година, Глигоров се сретна со Бутрос Гали, каде во присуство на медијаторите Овен и Венс беше понудено решението „Бивша Југословенска Република Македонија“. По изборите во Грција, кон Македонија било воведено економско ембарго, на кој Глигоров остро ги осудил овие постапки кон јужниот сосед, повикувајќи се во генералното собрание на ООН за изнаоѓање на решение. Подоцна, на 13 септември, била склучена времена спогодба за нормализација на односите со Грција.

Во текот на октомври 1994 година во Република Македонија по прв пат се одржаа претседателски избори. Киро Глигоров, како кандидат за претседател од СДСМ, повторно беше избран за Претседател на Република Македонија, со освоени 52,4% од гласовите. Негов противкандидат бил познатиот македонски режисер Љубиша Георгиевски, како претседателски кандидат од ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската ВМРО ДПМНЕ не ги прифатила резултатите од изборите. Претходно, Глигоров одби и соочување со противкандидатот Георгиевски.

Атентатот и по него

На 3 октомври 1995 година врз Глигоров беше извршен неуспешен обид за атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Исто така, на повредите подоцна им подлегна и Ристо Хаџиманов, пензионер, кој случаен минувач покрај местото на настанот. Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот “Бристол” во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движел од неговата резиденција на работното место во Собранието. Бомбата, поставена во автомобил АМИ 8, експлодира кога автомобилот на претседателот минувал покрај неа. Од силината на експлозијата, ситроенот бил целосно распарчен, а делови од возилото се разлетале наоколу. Автомобилот бил намерно избран за поставување на бомба, затоа што има тенок лим кој може од експлозијата да се распадне во повеќе смртоносни шрапнели.

atentat-7 Еден таков шрапнел и го убил возачот на претседателот. Нападот дојде по само еден ден откако во Скопје претстојувал претседателот на Србија, Слободан Милошевиќ, при што претседателите на двете земји постигнале договор за мегусебно признавање на двете земји. Ниту нарачателите ниту извршителите на атентатот врз Глигоров сѐ уште не се познати. Во 1995 година, по неколку месеци од атентатот, како еден од можните атентатори, разузнавачката служба ги посочила „Ослободителната војска на Македонија“ со седиште во Австралија. Потоа, тогашниот министер за внатрешни работи како нарачатели ги посочил бугарската „Мултигруп“ или југословенската „КОС“ но не се пронајдени тврди докази околу нивната вмешеност во атентатот. Подоцна, водството на бугарската организација „Мултигруп“ лично дошло во посета кај Глигоров за да ги отфрли тие шпекулации. Во април 2008 година во Република Македонија дошла информација преку дневните медиуми дека организатор на атентатот била албанската организација „Кос“, но оваа информација не е потврдена. Обидот за атентатот на Глигоров и денеска се користи за политичко пресметување на двете најголеми партии. Најверојатната комбинација е дека атентатот е нарачан од македонски криминални структури, функционери и регионалци, на кои тогаш не ми успеа да ја клекнат Македонија и да ја направат зона на криминалци.

За време на закрепнување на Киро Глигоров од повредите со кој се здоби, неговата должност ја вршеше, според Уставот, тогашниот Претседател на Собранието, Стојан Андов. Киро Глигоров официјално на функцијата претседател се врати на 10 јануари 1996 годин

Глигоров почина на 1 јануари 2012 година на 94 години

Слични содржини