„Шарената револуција“ денеска ќе протестира против, како што најавуваат, „фашистичките елементи во општеството“. Протестот ќе почне традиционално во 18 часот, пред Специјалното јавно обвинителство.

13082160_10153686235448224_1194142302_n

„Ја славиме победата над фашизмот и продолжуваме да се бориме против фашистичките елементи во нашето општество! Денеска, на 9 мај, протестираме против режимот кој убива и крие убиства, тепа, апси и заплашува, мести избори, ги задушува независните медиуми, ја ограничува слободата на информирање, ги потиснува и ги понижува работничките и работниците и ги востоличува непотизмот и корупцијата. Денеска протестираме и поради тоа што минатата година полицајците во Куманово беа жртвени јагниња на режимот. Се бориме никогаш да не се повтори тоа“, пишува во најавата за настанот кој е организиран преку „Фејсбук“.

(ВИДЕО) Нападот врз активистот кој го носеше транспарентот „Трчај како да ја носиш веста дека Грујо е во затвор!“

Денеска од 17.30 часот во организација на Опозицискиот совет и на неколку албански опозициски партии ќе се одржи протестен марш под името „Ден Д – правда, демократија, достоинство“. Протестот ќе почне во паркот во Чаир, а демонстрантите ќе маршираат до објектот на Владата.

„На 9 мај, се одбележува денот на правдата која недостига за нас, ден на погазената демократија, ден на прегазеното достоинство и ден на последната албанска несреќа во Куманово“, се наведува во соопштението од Опозицискиот совет.

 

META

Слични содржини