Француската новинарка Јулија Друел и холандскиот новинар Марсел ван дер Стен биле приведени попладнево во Куманово од страна на македонската полиција, извести порталот „Le Courrier des Balkans“.Тие биле приведени во 14 часот, кратко време по пристигнувањето во градот. И двајцата биле однесени во полициската станица во Куманово поради тоа што немале акредитација издадена од македонските власти, пренесува Libertas.

7858943932

По сослушувањето во, како што пишува порталот, „напната и збунувачка атмосфера”, според Јулија, полицијата сакала да ги натера да потпишат изјава дека не послушале наредба да не влегуваат во забранета зона во Куманово.

Според новинарката, таква наредба немало, туку двајцата новинари влегле во просторот ограничен со жолта лента во присуство на полицаец кој бил на должност. Со оглед на тоа што носеле видео опрема и камера, јасно било дека се работи за странски новинари.

Во полициската станица, новинарите биле посетени од претставници на ОБСЕ. Тие, исто така, биле во телефонски контакт со амбасадите на Франција и Холандија и Министерството за надворешни работи на Македонија. Двајцата новинари одбиле да ја потпишат изјавата.

Во 21 часот биле однесени пред суд, но еден час подоцна, биле ослободени, без да им бидат поднесени пријави.

Новинарите за ова пишуваа и на своите Твитер профили.

Либертас

 

Слични содржини