Двајца загинати во хеликоптерска несреќа во Грција

од desk2

Грчките власти соопштија денеска дека на подрачјето северно од Атина, се урнал мал цивилен хеликоптер, при што животот го загубија две лица, а третото успеало да се извлече од под урнатините, пренесува Танјуг.

Лекарите при пристигнувањето затекнале двајца онесвестени, но кусо потоа ги прогласиле за мртви. Засега, се уште не е познато што ја предизвикало несреќата во близина на историското место Маратон.

Слични содржини