Две кривични за кичевец што имал недозволено оружје и марихуана дома

од desk2

Полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Р.В.(40) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори” и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи ”.

На 17.08.2017 година, при извршен претрес во неговиот дом, криминалистичката полиција од Кичево пронајде и одзеде растителна материја со зеленкаста боја, најверојатно наркотична дрога марихуана, со маса од околу еден килограм, бела прашкаста материја, најверојатно наркотична дрога кокаин, со маса од околу 20 грама и три куршуми од различен калибар. Полициските инспектори пронајдоа и одзедоа и други предмети и прибор за користење на наркотични дроги.

Пријавениот Р.В., неовластено ги набавил и ги држел во својот дом со цел натамошна препродажба на наркозависници од Кичево. Одземените предмети се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Слични содржини