Две лица загинаа во сообраќајка на патот Штип-Радовиш

од desk2

Загинаа две лица на магистралниот пат Штип-Радовиш на излезот од штипското село Лакавица.

Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова, информира дека автомобилот „Фолксваген Шаран“ утринава околу 6 часот и 40 минути излетал од коловозот.

Според првичните информации од увидот на лице место загинале двајца сопатници, а додека возачот и четвртиот сопатник со повреди се хоспитализирани во штипската Клиничка болница.

Истражните органи вршат увид на лице место, по што ќе се утврдат причините за несреќата. Излезот од штипското село Лакавица е позната црна точка на магистралниот пат Штип-Радовиш.

Слични содржини