Двоен удар: Украден автомобилот и ограбен домот на Кутињо

од Vladimir Zorba

Непознати злосторници го ограбиле домот на фудбалерот на Барселона, Филипе Кутињо, пишува весникот Спорт.

Инцидентот се случил во време кога Бразилецот заминал на вечера со своите пријатели и семејство. Кога се вратил дома, халфот видел скршена врата и видел дека домот му е ограбен, по што веднаш се јавил во полиција. Инцидентот се случил доцна синоќа.

Оваа куќа беше препорачана на Кутињо од напаѓачот Луис Суарез. Но лошата среќа очигледно го прати поранешниот играч на Ливерпул во текот на целиот викенд, бидејќи неколку часа порано бил украден и неговиот автомобил.

Коутиньо пристигна оваа зима од Ливерпул кај каталонците за рекордна за тимот од „Камп Ноу“ сума.

Слични содржини