EП фудбал У-21: Македонија против Португалија во третото коло од групната фаза

од desk2

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Гдиња против Португалија ќе го одигра последниот натпревар од Б-групата на Европското првенство за играчи до 21 година. Селекторот на Македонија Благоја Милевски очекува неговите избраници и на овој натпревар да прикажат борбена игра со максимално залагање.

– Очекувам да се бориме за секоја топка и да се обидеме ја искористиме секоја шанса. Португалија е тим со одлични поединци, одиграа на високо ниво на двата натпревари, слично како и на квалификациите. Впрочем, Португалија заедно со Македонија ја имаше најдолгата низа на натпревари без пораз. Ние го почитуваме противникот, но ќе дадеме се од себе на најдобар начин да го завршиме натпреварувањето по групи од Европското првенство. Ритамот на натпревари физички исцрпува и поради тоа ќе има неколку замени во почетниот состав, изјави Благоја Милевски.

Натпреварот почнува во 20 часот и 45 минути. Во исто време во Бидгошч ќе играат Србија – Шпанија. На табелата лидер е Шпанија со 6 бода, Португалија има 3, Србија и Македонија по 1.

Слични содржини