Ердоган се онесвести за време на молитва во Аташехир

од Vladimir Zorba

Турскиот претседател Реџеп Ердоган  се онесвести за време на празнична молитва во Аташехир.

Турскиот претседател Реџеп Ердоган се  онесвести за време на празнична молитва по повод последниот ден од светиот месец Рамадан, јави извор на CNN.

Според него, за време на молитва во џамијата “Мимар Синан” во Аташехир, провинција Истанбул, турскиот лидер одеднаш изгубил свест. По итна интервенција на лекарски тим се покажало дека причината е зголемено ниво на шеќер во крвта. Државниот глава веќе е во стабилна состојба. / ТАСС

Слични содржини