Eвропа стравува дека по падот на Мосул ќе има враќање на „окоравени“ џихадисти

од desk3

Европејците стравуваат дека по падот на Мосул, последното големо упориште на групата Исламска држава во Ирак, ќе се забрза враќањето на ветерани џихадисти на еропскиот континентот, кој веќе се се соочува со висока закана од терористички напади.

– Заземањето на последното упориште на Исламската држава во северен Ирак, Мосул, може да доведе до тоа припадници на групата, подготвени да се борат, да се вратат назад во Европа, изјави европскиот комесар за безбедност Џулијан Кинг, за германскиот весник Ди Велт, пренесен од француските медиуми, јавува дописникот на МИА од Париз.

islamski-teroristi-al-kaida-1389515286-426173

– Дури и мал број (на џихадисти) е сериозна закана, за која мора да се подготвиме преку „зголемување на нашата отпорност против терористичката закана”, рече британскиот комесар.

Ирачките сили покренаа голема офанзива за враќање на вториот по големина град на Ирак. Битката предизвика стравување од хуманитарна катастрофа за жителите, но, исто така, демобилизација на џихадистите, вклучувајќи ги и оние од странство.

Според Кинг, Исламската држава во Ирак и Сирија, брои околу 2.500 припадници дојдени од Европа. Меѓу нив, стотици Французи, Британци и Германци.

„Безбедносните служби би требало нормално да го изгаснат огнот и да ја исчистат опасноста што која овие луѓе ја претставуваат”, ако се вратат, ” но тоа е многу тешко”, сепак призна, неодамна шефот на германската разузнавачка, Ханс-Георг Маасен.

Според германските медиуми, потребни се 10 полициски службеници за следење 24/24 часа на исламист кој се враќа од оваа област, додека полицијата и така веќе има премногу обврски за следење на потенцијално опасни лица кои никогаш не ја напуштиле земјата.

Во Франција, според безбедносни извори, околу 400 Французи се уште е таму, од кои 150 борци, а остатокот се состои од членови на нивните семејства. Министерот за надворешни работи, Жан-Марк Ејро, денеска посебно зборуваше за опасноста од ” малолетните лица кои се вратиле радикализизирани.”

Во случај на воен пораз на Исламската држава во Мосул, „некои ќе се обидат да се преселат, другите може да се обидат да се вратат во Франција. Ова е голем проблем за безбедноста”, тврди француски извор од безбедносните служби повикувајќи да се „релативизира” заканата од Чеченците, на пример. Затоа што, колку што тоа претставува опасност за Европа, враќањето на џихадистите од Ирак и Сирија, исто така, претставува голема закана за земјите како Русија или Магреб, вклучувајќи ја и Либија.

Илјадници Тунижани се приклучија на редовите на џихадистичките групи, Тунис го дава најголемиот контингент на „борци” странци. Исто така голем број на граѓаните на Руските кавкаски републики и земјите од Централна Азија се исто така дел од пррипадниците на Исламската држава.

Според друг француски извор од безбедносните служби, напорите на ирачката армија и на меѓународната коалиција ќе имаат за цел да „интервенираат и пресретнат максимум поголем број” на џихадисти на излез од Мосул, а потоа „да ги блокираат во Рака „престолнината” на Исламската држава во Сирија.

Од ова посебно е засегната Европа по крвавите напади во Париз во ноември 2015 (130 мртви) и Брисел во март (32 жртви) кои беа извршени или планирани во дел од лица вратени од Сирија, како Абделхамид Абаауд.

„Мислам дека Исламската држава влегуваат во нова фаза, бидејќи територијалните загуби кои организацијата ги има во Сирија и во Ирак и го поткопа нејизниот план за калифат во регионот“, оцени Крис Ј.Филипс, директор на агенцијата ИППСО, од областа на советување за борба против тероризмот.

– Ние ќе присуствуваме на пораст во бројот на терористичките напади во Северна и Западна Африка”, изјави тој, велејќи дека овој феномен е зголемен со бегалската криза, што и овозможи на некои џихадисти да дојдат во Европа инкогнито меѓу мигрантите.

– Ако Исламската држава се повлекува и повеќе не е во можност да има визија за победа и власт освен во минатото, бројот на демобилизираните борци кои сакаат да избегаат од „Калифатот“,ќе биде во пораст”, оценува исто така Рафаело Пантучи, аналитичар на Кралскиот институт на одбрана, во дневниот весник Телеграф.

Слични содржини