Фанатиците на турскиот претседател Реџеп Ердоган во Тракија повикуваат на “Светата војна” , пишува англиската верзија на грчкото издание “Прото тема”.

Весникот забележува дека Турција презема опасни игри со стабилноста на Балканот.

Пред референдумот во Турција претседателот Ердоган ги вади сите достапни карти, за да го убеди народот да гласа со “да” за уставните промени кои би му го зголемиле овластувањата .

Сепак со обидите тој ризикува да го дестабилизира целиот регион . Она што го прават неговите луѓе, е поттикнување на тензии во односите на Турција со Грција, како и со Бугарија , преку промоција на пропагандата кон муслиманските граѓани во Грција и Бугарија , иако не сите се Турци, додава грчкиот медиум.

И тоа не е сè. Тие делеа летоци во муслимански села во Тракија, со кои практично повикуваат на верска “Света војна” против христијаните , дополнуваат од “Прото тема”.

Весникот заклучува дека грчката влада е вознемирена и внимателно ги следи активностите на Ердоган , анализирајќи ја  ситуацијата, додека внимателно се обидува да не даде изговор на Турција за влошување на односите со Атина.