13292939_10208063537278993_1697617108_n

Полицијата не дозволи пристап пред полициската станица Беко и затоа демонстрантите ја почнаа забавата „Информативен разговор“ на раскрсницата пред полициската станица.

CjkC-VHWYAAoOYz

CjkEb4rWgAAI5pb

Инаку, демонстрантите денеска со два чатали го гаѓаат Собранието на Република Македонија со топки со боја. Протестите, кои започнаа пред СЈО се во знак на пораката; „Шарена револуција наместо шарена аболиција“. Втор ден демонстрантите се противат на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за делумно повлекување на аболицијата за 22 лица.

Претходно граѓаните напишаа „Информативен разговор“ со стрелка кон „Беко“ на крстосницата во близина на Полициската станица.
Протестите на „Шарената револуција“ вечерва имаат забавен наслов „Информативен разговор“ пред полициската станица „Беко“.
Целта на забавата „Информативен разговор“ пред „Беко“ е министерот за внатрешни работи Митко Чавков да може да ги праша учесниците на „Шарената револуција“ се што го интересира. Но, тоа тешко ќе го остварат, полцијата не дозволува прицтап до полициската станица.

Слични содржини