(ФОТО) Ким Кардашијан одлета од Париз откако при вооружен грабеж ѝ украдоа 8.5 милиони во накит

од Vladimir Zorba

Дејли Мејл пренесува ексклузивно: Ким Кардашијан одлетала од Франција со приватен авион, откако беше држена заробена во вооружен грабеж на парискиот апартман во кој престојуваше и ѝ беа украдени 8,5 милиони фунти во накит од страна на двајца мажи облечени како полицајци, поради што Кание го напушти својот концерт во Њујорк сред песна.
390ab7de00000578-3818985-reality_star_kim_kardashian_was_robbed_at_gunpoint_by_masked_men-a-15_1475477642202

Ким Кардашијан била нападната во Париз во хотелот во кој престојувала. Двајца маскирани мажи, преоблечени како полицајци, насочиле пиштоли кон риалити ѕвездата во собата, соопштија светските информативни агенции. 390c1ddd00000578-3818985-french_police_officers_stand_outside_the_scene_of_the_robbery_in-a-16_1475477642205

Нејзина портпаролка изјави за CNN дека таа е многу уплашена, но физички неповредена.

Од полицијата потврдија дека Кардашијан е ограбена, но не е повредена физички. Крадците зеле претежно накит, а неговата вредност допрва ќе се разјаснува. Во секој случај загубата ‘се проценува околу 8.5 милони фунти.390c2cac00000578-3818985-image-a-113_1475482993973

Ким престојуваше во француската престолнина за Неделата на модата заедно со својата мајка Крис Џенер и сестрите Кортни Кардашијан и Кендал Џенер. По нападот сестра ѝ Кендал веднаш пристигна во апартманот.

Сопругот, раперот Кание Вест, го прекинал настапот на фестивалот Медоус во Њујорк, откако дознал што се случило објаснувајќи дека има „семеен итен случај“.390c571f00000578-3818985-image-a-124_1475483323026

Папарацито ја уловија Кардашијан како го напушта Париз облечена целата во црно, качувајќи се на свој приватен џет.

Слични содржини