(ФОТО) Со спектакуларен концерт на Thievery Corporation се отвори Skopje Calling Festival

од Vladimir Zorba

Синоќа на полниот стадион на АРМ се одржа  првата фестивалска вечер од еден од најголемите музички настани за ова лето во Скопје “Skopje Calling Festival”. 

Како што беше најавено, концертот на легендарните Thievery Corporation, беше започнат со загревањето од македонскиот состав Khara.

Веќе во 22:35 минути култниот американски состав предводен од Eric Hilton и Rob Garza беше на сцената и започна со несебичното еуфорично споделување на својата современа музичка магија.

Македонија ја имаше честа да биде дел од европската турнеја на овој колектив од 20 музичари кои покрај претставување на нивниот последен албумThe Temple of I and I”не заборави да отсвири сегменти од сите нивни музички периоди. Па така верната публика имаше можност да ги чуе познатите “Until the morning”, “Lebanese Blonde” “The richest man in Babylon”…

Авалон годинава по втор пат го организира Skopje Calling со намера да стане традиционален фестивал кој ќе носи квалитетни и познати имиња од музичкиот свет. На втората фестивалска вечер во петок ќе настапи еден од најпопуларните диџеи на денешницата Мартин Гарикс.

Слични содржини