Франсоа Фијон: Трамп и Русија може да ја изолираат Европа

од Vladimir Zorba

“Не сакам разговорите на Трамп со Русија да се за наша сметка. Ќе биде лошо тоа за Европа, ако тој дејствува преку нашите глави, што не е незамисливо.”

Ова го изјави фаворитот за претседателските избори во Франција Франсоа Фијон по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Тој ја повтори својата замисла дека економските санкции против Кремљ се бесмислени и треба да се укинат.

“Убеден сум дека економските санкции се апсолутно неефикасни”, рече Фијон. “Мораме да најдеме друг начин да зборуваме.

Во интервју за “Франкфуртер алгемајне цајтунг”, цитиран од “Блумберг”, Фијон коментира дека Берлин и Париз треба да дејствуваат заедно во “новата и исклучително опасна ера”, која дошла со изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.

Фијон е конзервативниот кандидат за претседател на Франција. Изборите ќе се одржат во април и социолозите прогнозираат втор круг меѓу него и десничарската Марин Ле Пен.

Засега тој е единствениот кандидат, кој е беше примен од Меркел, иако средбата не беше отворена за медиумите и по крајот двајцата дадоа заедничка изјава.

Фијон и Путин се блиски познаници и Французинот често гостува на форуми организирани од властите во Москва.

“Русија е задолжителен партнер за Европа. Во исто време тоа е непредвидлива земја која може да биде опасна, ако се смета за опасност или ако кон неа не се однесувате на вистинскиот начин. Затоа секогаш сум мислел дека за Европа е грешка да ја одредува Русија како противник и слабо развиена земја “, коментира тој за француски медиуми.

Слични содржини