Грција ќе добие две Француски мултифункционални поморски фрегати од класата FREMM , пишува грчкото издание на Катимерини.

Според весникот, двата брода се очекува да влезат во грчката морнарица до август, што е дел од напорите на Атина за зголемување на својот воен потенцијал поради тензиите со Турција.

  Набавката на фрегатите беше потврдена по размената на писма помеѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и францускиот претседател Емануел Макрон, како и меѓу воените лидери на двете земји.

Одлуката на Франција да и даде на Грција два брода за 5 години се смета за јасна порака за поддршка на земјата од страна на една од најспособните воени сили во Европа.

Претходно оваа недела, Макроин во Европскиот парламент изјави дека Франција ќе ја заштити “секоја земја-членка чиј што суверенитет е нападнат “.

” Ова е позиција што секогаш ја имавме кон Грција по заканите во источниот Медитеран “, рече тој.

  Фрегатите ќе бидат опремени со напредни системи за противвоздушна одбрана.

На крајот од петгодишниот период, Грција ќе добие француска фрегата, и  договорено е со Париз  за 4 месеци  да купи до 4 фрегати Белхара.

Франција, исто така, е посветена на обезбедувањето на Грција со проектили против ракетни напади Exocet.