Франција нема да ја признае еднострано прогласената независност на Каталонија

од desk2

Франција нема да ја признае Каталонија доколку тој шпански регион еднострано прогласи независност, изјави денеска францускиот министер за европски прашања, Натали Луазо.


„Доколку биде прогласена независност, тоа ќе биде еднострано и нема да биде признато“, рече таа за една локална телевизија.

Луазо додаде и дека „Каталонија не може да биде дефинирана со гласањето кое го организира движењето за независност пред нешто повеќе од седум дена“ и дека “кризата треба да се решава низ дијалог и на сите нивоа на шпанската политика“.
Таа смета дека би било избрзано признавање на независноста по едностраното прогласување и ќе претставува отфрлање на одговорностите кои ги има Франција.

Додаде дека ако Каталонија биде призната, таа автоматски ќе ја напушти Европската унија.

Слични содржини