Франција планира да создаде центри за мигранти во Либија

од Vladimir Zorba

Претседателот на Франција Емануел Макрон изјави дека Франција ќе го проверува секое брање за азил уште во Либија, пред тие да ја го минат Средоземното Море и пристигнат во Франција, пишува The Daily Telegraph.


Според Макрон Франција ќе ја оформи центри во Либија пред крајот на летото, за да ги проверува барањата за азил.

“Идејата е да се создадат центри за да се избегне намерата луѓето да преземат луди ризици”, посочи претседателот. Тој рече дека центрите ќе помогнат при справувањето со бегалскиот проток кон Италија и Европа.

Макрон исто така изјави дека сака да ги тргне мигрантите од улиците на Франција до крајот на годината, ветувајќи “достојно” сместување за илјадниците лица кои во моментов спијат под отворено небо. Тој предупреди дека оние кои бегаат од сиромаштијата, а не од војна или гонење, едвај ќе бидат прифатени да се населат во Франција. “Никоја земја не може да ги прифати сите економски мигранти”, посочи тој.

Слични содржини