Адријана Лима ја краси  насловната страница на најновиот број на списанието Vogue, Мексико (јули / 2015) во сребрен фустан со реси на француската модна марка Balmain.1802c64b5646bb4701fd62a30903313f

Бразилскиот супермодел, која е еден од најубавите ангели на Victoria’s Secret , е снимен од фотографот Расел Џејмс, а стајлингот е дело на Сара Гор Ривс.

На насловната Адријана покажува зошто претставува вистинска латино убавица, веејќи ги своите долги коси.

Лима е родена на 12 јуни 1981 година во Салвадор, Баија, Бразил. Презимето “Лима” е со португалско потекло, но таа има африканска крв во вените, за која често зборува и со која многу се гордее.

Само пред неколку дена 34-годишната Лима стана лице на новиот мирис на Marc Jacobs – Decadence, а рекламата е навистина магнетна.

Видете ги фотографиите на жешката Бразилката во галеријата.

Слични содржини