Само пред два дена Новак Ѓоковиќ го победи Роџер Федерер во драматичното финале на турнирот Вимблдон втора година по ред.181ddf5e0c78b7a5485f649e0ea22f71

Сето ова се случи пред очите на многу познати луѓе кои трепкаа тензично, додека го гледаа натпреварот.

Српскиот шампион го освои Купот пред ѕвезди како Бенедикт Камбербач, Пипа Мидлтон, Наоми Кембел, Ана Винтур, Хју Грант и Кејт Винслет, кои стискаа палци и за Федерер.

Така 28-годишниот Новак, чиј тренер е тенис легендата Борис Бекер, си ја зајакна својата позиција на светски број еден, освојувајќи деветтата титула од гренд слем.

Мандаторот на “Оскар” холивудскиот актер Бредли Купер го следеше финалето заедно до сопругата на Роџер – Мирка, но тоа не помогна на неговиот миленик да освои победа.

Актерките Хелена Бонам Картер и Кристин Скот Томас исто го гледаа финалето на централниот терен.

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, италијанскиот фудбалер Алесандро Дел Пиеро и актерите Клајв Овен, Џереми Пиван и Арон Тејлор Џонсон , исто го набљудуваа натпреварот.

Видете фотографии на најпознатите гледачи на Вимблдон во галеријата.

 

 

Слични содржини