Гарсија со гол во 94. минута му донесе победа на Атлетик Билбао

од Vladimir Zorba

 

Со натпреварот кој се одигра синоќа меѓу Еибар и Атлетик Билбао, а кој заврши со минимална победа на гостите од 1:0, беше комплетирано 33.коло во фудбалското првенство на Шпанија.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Раул Гарсија во четвртата минута од судиското дополнение (90+4).

Веќе денеска со три нови натпревари ќе започне 34. рунда која ќе се игра до четврток.

Двојки за 34.коло во шпанската Примера:

Вторник:
19:30 часот Спортинг Хихон – Еспањол;
20:30 Гранада – Малага;
21:30 Атлетико Мадрид – Виљареал.

Среда:
19:30 Барселона – Осасуна;
20:30 Валенсија – Сосиедад;
20:30 Леганес – Лас Палмас;
21:30 Депортиво Ла Коруња – Реал Мадрид.

Четврток:
19:30 Алавез – Еибар;
20:30 Севиља – Селта Виго;
21:30 Атлетик Билбао – Бетис.

Табела: Барселона 75 бодови, Реал Мадрид 75 (натпревар помалку), Атлетико Мадрид 68, Севиља 65, Виљареал 57, Атлетик Билбао 56, Сосиедад 55, Еибар 50/МИА

Слични содржини