Србинот Новак Ѓоковиќ го освои турнирот во Монте Карло, откако во финалето го совлада Чехот Томаш Бердих со 2-1 во сетови.

Ѓоковиќ го загуби својот сервис уште на стартот од мечот, во воведниот гем, но потоа ја подобри и ја стабилизира својата игра, поради што го освои првиот сет со 7-5 во гемови. Тој водеше и во вториот сет со 3-2, кога поради дожд мечот беше прекинат повеќе од еден час.

По враќањето на теренот, Бердих заигра многу подобро и го освои вториот сет со 4-6, со што дуелот влезе во решавачки трети сет.

Ѓоковиќ сепак се врати во ритам, поведе со 4-0 во третиот сет, а на крајот успеа да го добие со 6-3 и да го освои Мастерс – турнирот во Монте Карло, што е 52.трофеј за Србинот во кариерата.

Слични содржини