Големите донатори на републиканците се против Трамп

од desk3

trampo

Некои од најголемите финансиски донатори на Републиканската партија побараа од партискиот национален комитет да се откаже од кандидатурата на Доналд Трамп за претседател по објавениот материјал, во кој тој ги коментира на вулгарен и груб начин односите со жени, објави “Њујорк тајмс” .

Тоа е уште еден знак дека кандидатурата на Трамп ги засилува поделбите меѓу членовите на партијата, посочуваат некои од донаторите, според кои скандалите на милијардерот се закануваат да нанесат трајна штета на партијата. “Во еден момент човек треба да се погледне во огледало и да сфати дека не може да ја оправда поддршката за Трамп пред своите деца – особено пред своите ќерки”, вели бизнисменот од Мисури – Дејвид Хамфрис.
Според “Њујорк тајмс” тој донирал на Републиканската партија над 2,5 милиони долари само во последните неколку дена. Поделбата во партијата се продлабочи уште повеќе во понеделникот, кога претседателот на Претставничкиот дом Пол Рајан изјави дека веќе нема да го “брани” Трамп.

Слични содржини