Горан Груевски ,началникот во Петтата управа на МВР, дојде и дава исказ во Кривичниот суд. Тој за новинарите остана незабележан бидејќи влегол до споредните влезови на зградата, а таму се и обвинители од СЈО.

osnoven-sud-skopje-1

Специјалното обвинителство претходно доставило барање до судијата во претходна постапка, да се даде налог за претрес во домот на Груевски со цел да се обезбедат докази.

Судија го одбил барањето, по што СЈО побарало лишување на Груевски од слобода, затоа што сметаат дека постојат основи за определување притвор.

На денешната прес-конференција специјалната јавна обвинителка Катица Јанева соопшти дека СЈО отвора нов предмет под називот „Тврдина“, кој се однесува на заштита на приватноста со нелегално прислушување.Предвидената казна за овие службени злоупотреби е од 5 до 20 години затвор.Обвините се двајца началници на УБК, или вкупно 5 лица.

Слични содржини