Грчкиот архиепископ Јеронимос: Потребен е национален консензус и единство

од desk4

Во овој момент не се потребни протести, туку национален консензус и единство, е пораката на поглаварот на грчката православна црква, што ја упатил на средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Архиепископот Јеронимос и Алексис Ципрас, вчера имаа средба во атинската архиепископија, средба која не беше официјално најавена, а главната тема било прашањето за името.

Грчкиот премиер, според официјалното соопштение од грчката православна црква, го известил архиепископот за текот на преговорите, ги слушнал размислувањата на Јеронимос и „изразил особен интерес за црковниот аспект на целиот спор, во однос на името на расколничката црква на Скопје“.

Ципрас го уверил архиепископот дека ќе продолжи да го информира за текот на преговорите и побарал од него да придонесе за да се обезбеди клима на национално единство и одговорнoст.

Слични содржини