Груевски до Хан: И како опозиција, силно ќе работиме Македонија да стане членка на ЕУ

од Vladimir Zorba

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, синоќа се сретна со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, во Брисел. На средбата, Груевски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ и како опозиција силно ќе работи Македонија да почне преговори со Европскaта Унија и да добие членство во НАТО.

„По толку многу направени реформи, редно време е Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската Унија и да се отстранат пречките. Исто така, наша генерална позиција е дека треба да ја добиеме и поканата за НАТО. Предолго време чекаме и предолго сме блокирани не заради реформите, бидејќи во 2008 година беше кажано дека Македонија ги направи реформите, а не беше поканета во НАТО“, истакнал Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ имал средби и со европратениците Едвард Кукан и Андреј Ковачев.

Слични содржини