Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски преку неговиот адвокат барал од СЈО да му достави решение со кое се прекинува кривичната постапка против него во Специјалното обвинителство за случајот  со рушењето на Космос, под кодно име ТНТ.
sjo
Решението било побарано кога Иванов ја донесе одлуката да го аболицира. Истовремено, поранешниот премиер јавно ја отфрлуваше аболицијата од Иванов, а му прати и писмено барање.
Уште додека се водела тајна, предистражна постапка  екс директорот на УБК, Сашо Мијалков заедно со началникот на петта управа Горан Грујевски побарале исто такво решение, како доказ дека се прекинува постапката против нив која Катица Јанева ја немаше ниту објавено.
Списокот со функционери кои барале од СЈО решение како доказ дека нема да  ги гони, бидејќи се аболицирани има 17 имиња, меѓу нив се и екс-министрите Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиевски, секретарот на влдата Кирил Божиновски, градоначалникот на Пустец- Едмонд Темелко, битолскиот градоначалник Владимир Талевски. За сите нив Иванов ја повлече аболицијата. Одбраната на функционерите од власта вели дека не им биле доставени решенијата од СЈО.
„Ние не баравме да се запре постапката, СЈО мораше  да го донесе тоа решение за запирање на постапка врз основа на аболицијата на Иванов. Мора да се запре постапка, по службена должност“ вели адвокатот Додевски.
Инаку, на списокот помилувани од Иванов се и лица кои не биле ниту осомничени ниту сведоци на СЈО, вели обвинителката Ристоска.  Специјалното обвинителство очекува претсдателот да каже кој му ги дал податоците за да ја спроведе групната аболиција.
Во Специјалното обвинителство се водат 7 истраги во кои се опфатени 60 лица.  Бројот на предистрагите расте, вели Ристовска и тие  треба да  дадат расплет на случаи со финансиски криминал.
извор: 24вести

Слични содржини