Груевски: Службите прислушуваат 100 членови на ВМРО-ДПМНЕ

од desk2

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , Никола Груевски во специјалното издание на магазинот „Седмица“ на ТВ Алфа обвини дека членови на ВМРО-ДПМНЕ се прислушувани во последниот период.

– Во службата е отворено досие „Македонски екстремизам и терористичко“. Службите имаат цел да прислушуваат 100 лица од ВМРО-ДПМНЕ – рече Груевски.

Тој рече дека нема кому да се пожали во врска со ова бидејќи друг владее со службите.

-Нашите информации велат дека тоа го прави МВР. Каде да го пријавиме, кај нив истите? Крајна цел не е само ВМРО и јас, крајна цел е да се сузбие секој самомислечки Македонец, за сакањето на државата да стане демоде, а модерно да биде хомосеклусални паради и посвојување деца од хомосексуалци – рече Груевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

Слични содржини