Посредникот за решавање на политичката криза во Македонија, германскиот амбасадор во Австрија, Јоханес Ханјдл, утре ќе се сретне со лидерите на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино.

hajndl

Предвидени се и разговори со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Емил Димитриев, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и со специјалната обвинителка Катица Јанева.

Според најавата од Амбасадата на Германија во Скопје, по средбите германскиот специјален пратеник утре би требало да даде и изјава за медиумите.

 

META

Слични содржини