Хан ќе го отвори инвестицискиот форум во Белград, ќе говори и Алексовска

од Vladimir Zorba

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика Јоханес Хан, претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска, и министерот за економија на Албанија, Милва Економи, ќе го отворат „Форумот за унапредување на инвестициската клима меѓу ЕУ и Западен Балкан“, кој ќе се одржи денеска во Белград.

„Треба да го унапредиме регионот и да одиме чекор понатаму кон евроинтеграциите. И ако некој смета дека тоа би можело да значи дека земјите ќе скршнат од патот кон ЕУ, греши. Тоа е подготвка на регионот за пристап кон ЕУ. Со единствен пазар, ќе се создаде дополнителна вредност за производите и за услугите, а пазар од 20 милиони е атрактивен за инвеститорите“, изјави Хан на прес-конференција.

На првата панел-сесија Хан, Арсовска и Економи заедно ќе дискутираат за структурните реформи потребни за подобрување на инвестициската клима, регионалната економска интеграција, како и за приближувањето кон единствениот пазар на ЕУ.

Лидерите на Западен Балкан креатори на економските политики, инвеститорите на ЕУ, регионалните и локалните бизниси на тематските панел-сесии ќе разговараат и за моделите кои водат кон зголемено учеството на приватниот сектор во креирањето и во спроведувањето на структурните реформи.

Конференцијата е организирана од Генералниот директорат за проширување на Европската комисија и има цел да ја истакне важноста на координацијата на економските политики за унапредување на економскиот и општествен напредок, во стратегијата на проширување на ЕУ.

Конференцијата се одржува само две недели по годишниот економски и финансиски дијалог на ЕУ со земјите на Западен Балкан и со Турција во Брисел.

Слични содржини