Хан твитна од Македонија: ЕУ е подготвена да ја поддржи земјата за спроведување на реформите

од desk3

 „Добар разговор со премиерот Заев и министрите за реформската агенда. Среќен сум што гледам демократска транзиција и посветеност на новата влада на реформите. ЕУ е подготвена да ја поддржи земјата за спроведувањето на итните реформски приоритети и нејзино враќање на патот на евроатлантските интеграции“- напиша Хан на Твитер.

Хан сподели дека Македонија свртела нова страница, отворајќи го патот за нова динамика на реформи за доброто на граѓаните.
Тој го поздрави потегот на Заев да им подаде рака на соседите.

Слични содржини